Израелските преговарачи на нова рунда разговори за примирје во Газа

Делегација од израелски преговарачи денеска треба да отпатуваат за Катар на нова рунда разговори за продолжување на кревкиот прекин на огнот во Газа, откако Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија за да се засили притисокот врз Хамас. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.
Првата фаза од договорот истече на почетокот на март без договор за следните фази кои треба да обезбедат траен крај на војната што избувна со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Сè уште има разлики околу тоа како да се продолжи, при што Хамас повика на итни преговори за следната фаза, додека Израел претпочита продолжување на првата фаза од договореното.
Израелските медиуми соопштија дека израелската делегација ќе ја предводи врвен функционер на домашната безбедносна агенција, Шин Бет.
Израел ја прекина испораката на помош во Газа поради ќор-сокакот, а во неделата објави дека го прекинува снабдувањето со електрична енергија на територијата.
„Ќе ги користиме сите алатки што ни се на располагање за да ги вратиме заложниците и да се осигураме дека Хамас нема да е во Газа веќе следниот ден по војната“, рече министерот за енергетика, Ели Коен кога нареди прекин на струјата.