ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го обжали решението за куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино.

Advertisements

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа, соопшти денеска ОЈО ГОКК.

Незадоволно од ваквата одлука, како што се наведува во соопштението, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение.

-По повеќемесечна предистражна постапка во предмет што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е оформено по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, во текот на вчерашниот ден и денес беше спроведена акција на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево во која се приведени 11 лица, едно лице е во бегство, а едно во притвор, соопшти пред неколку дена Обвинителството.

Оттаму појаснуваат дека јавниот обвинител постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР донел наредба за спроведување на истражна постапка против 13 физички и едно правно лице.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button