
Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент.
Обвинителите соопштија дека биле извршени 21 претрес во Брисел, како и во Фландрија и Валонија, објави Ројтерс.
Иако имињата и позициите на лицата вклучени во случајот не беа откриени, обвинителите рекоа дека истрагата е фокусирана на корупција, фалсификување документи и употреба на лажни легитимации, за кои се верува дека се случувале редовно и „многу дискретно“ од 2021 година до денес.