ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Само 2% од сексуално злоставувани жени ги пријавуваат случаите

Во центарот за рехабилитација во Скопје за една година се пријавиле над 50 сексуално злоставувани жени, од кои повеќето биле малолетни. Податоците ги објави Мрежата против насилство врз жените и семејно насилство.
Во земјава има три центри за жртви на сексуално насилство, по еден во Куманово, Тетово и Скопје.
Според мрежата против насилство врз жените, кај нас само два отсто од сексуално злоставуваните жени ги пријавуваат своите случаи во државните органи.
Авни Тахири