
Македонските компании значително ги чуствуваат последиците од глобалната криза, од која во моментов доста погодена е Европа, особено автомобилската индустрија. Доста од македонските компании од овој сектор се директно засегнати од случувањата, ако се знае дека добар дел од нив се производители на делови за автомобили за големите автомобилски гиганти.
„Притосоците се на сите страни. Нашите купувачи кои се во таа автомобилска индустрија ги притискаат нивните добавувачи, односно нас за намалување на цените. Од друга страна ние сме притиснати со зголемени набавни цени на енергенси, на работна сила. Така што тој вакум простор се стеснува и остануваат многу малку финансиски средства за инвестирање и подобруавње на работењето“, рече Наташа Јовческа- директорка на странска компанија во Охрид.
Дополнителен проблем ќе бидат и Американските царини за ЕУ од 25 %. Ова може да има директно влијание кај некои од германските производители на премиум возила, бидејки некои од тие модели ексклузивно за глобалниот пазар се произведувата во Европа и потоа се извезуваат во САД, вели Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвестиции во Македонија.
„Како тоа ќе влијае кај секоја од компаниите тука, зависи од тоа, кое е портофлиото на тие компании, за кои брендови и за кои модели возила директно станува збор. Ја следиме ситуацијата, бидејки е важно не само за секоја компанија, туку и за нас, бидејки во нашето портфолио има возила кои се од премиум сегмент“, рече Мизо.
Но, Мизо не очекува ваквите царини да бидат присутни долгорочно. Вели различно е што прави Америка наспроти Кина, со Европа тоа е можеби барање за изедначување на условите. Но, има и други проблеми, со кои се соочуваат компаниите.
„Изминатите години се значително пораснати сите набавни цени на материјали. Од страна на нашата регулатива, тие увозни царини се доста високи кај нас за разлика од ЕУ. Во изминатите неколку години се изврши усогласување со тие царински регулативни, но има уште доста голем простор тука за корегирање. Така што домашните компании би добиле некоја поконкурентна положба во своето работење“, вели Наташа Јовческа- директорка на странска компанија во Охрид.
Сепак компании ги чека неизвесна пролет. Ако работите не се променат на глобално ниво, тогаш велат ќе се соочат со големи потешкотии во нивното секојдневно функционирање.
Мики Трајковски