ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Николоски: Бугарија испрати јасна порака за непосветеност за изградбата на железничкиот Коридор 8

Бугарија испрати јасна политичка порака за нејзината посветеност, односно непосветеност за изградбата на железничкиот Коридор 8, изјави министерот за транспорт Александар Николоски, во врска со одлуката на владата на Софија за одложување на реконструкцијата на дел од делниците од бугарска страна кои се дел од овој коридор.

Николоски вели дека со жалење ја примиле информацијата за одлуката на бугарската влада со која средствата за реконструкција на железничките делници од Софија до Ѓуешево се пренасочуваат за довршување на т.н. железничкиот автопат „Тракија“ од Софија до Бургас.

Advertisements

„На делот од Софија до Ѓуешево има пруга, но таа е во очајна состојба и практично не може да се користи. Не треба само да се изгради тунелот и да се изгради спојка со Ѓуешево, туку многу поважно е да се направи реконструкција од Ѓуешево до Софија со цел Скопје и Софија да се спојат“, изјави Николоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button