Уставен е подготвен за подготвителната седница за Законот за јазиците

Владеењето на правото постои е гарант за остварување на правото на сите граѓани, без разлика на етничка, верска и било каква друга припадност. Вака претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски го почна денешниот брифинг со новинарите на кои сподели детали за подготвителната седница во врска со постапката за оценување на уставноста на Законот за употрена на јазиите што ќе се одржи в четврток на 20 март.
На неа, како што кажа Костадиновски, странски и домашни правни експрти кои го потврдиле своето учество ќе го кажат нивното мислење за спорните прашања кои се отворија пред судиите во врска со ова законско решение.
На седницата ќе учествува холандскиот врховен судија, д-р мартин Кујер, кој е и претседател на Венецијанската комисија, кој ќе го образложи пријателскиот совет што Судот го побара од нив и треба да биде усвоен од Комисијата на 15 март, односно утре.
Судијата од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) Артурс Кучс, ќе ја образложи праксата на овој суд во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците. Од домашните експерти, свое толкување ќе дадат поранешната судијка во овој суд, Маргарита Цаца Николовска, членот на Венецијанската комисија, Рената Дескоска,професорите Борче Давитковски, Јетон Шасивари, Гордана Лажетиќ, Мерсел Биљали, Денис Прешова, Мерсим Максути, Мерит Нуџиа, Нурет Бајрам и судиите Жаклина Доведен и Иван Џолев.
На подготвителната седница присутни треба да бидат и подносителите на иницијативите, а свое онлајн обраќање најавено има и професорката Тања Каракамишева.