Во собраниската Комисија за социјална политика повторно расправа за „Бранители“
Во собраниската Комисија за социјална политика повторно расправа за „Бранители“

Нов судир за бранителите и поранешните припадници на ОНА во Комисијата за социјална политика во Собранието. Во обид да го стави дневниот ред на гласање, претседателката на комисијата Имерлије Салиу повторно се соочи со пратениците на СДСМ кои побараа да се додаде точка на дневен ред за измени на законот за бранители. Салиу не прифати такво нешто со образложение дека таа е назначена да ја води седницата само за една точка.
Салиу: „Предлог законот за пензиско и инвалидско осигурување помина со осум гласа „За“, преминуваме на точките на дневен ред. Ве известувам дека во расправата по предлог-законот ќе се применуваат одредбите од членовите 94 и 95 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Пратеникот на ВЛЕН, Ријад Шаќири, му порача на Спасовски дека без вклучување на поранешните војници на ОНА, овој закон нема да помине. Тој побара седницата да се одложи.
„Ова го правите само за да освоите политички поен затоа што не ве интересираат маките на тие семејства, ниту маките на оние луѓе кои беа вклучени во конфликтот во 2001 година. Уште еднаш ви нагласувам дека овој закон нема да помине доколку не се вклучат и поранешни војници на ОНА, во спротивно ќе продолжиме да имаме проблеми бидејќи одговорноста за неусвојувањето на законите на дневен ред ќе биде ваша”, рече Ријад Шаќири – ВЛЕН.
По паузата, СДСМ не влезе на седницата. Пратеникот Спасовски најави дека правдата ќе ја бараат преку кривична пријава и уставниот суд./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу