Подготовки за седницата на Уставен за законот за јазици
Подготовки за седницата на Уставен за законот за јазици

Нема враќање назад од 20 март, датумот кога ќе се расправа за Законот за употреба на јазиците. Првиот човек на Уставниот суд на денешната неформална комуникација со новинарите откри дека во законот има 6 спорни прашања, ставени на маса за кои експертите ќе го изнесат своето образложение, во разговор со самите судии кои го сочинуваат Уставниот суд.
Во оваа дискусија, која за првпат во практиката на оваа институција ќе се пренесува во живо за јавноста, ќе бидат вклучени и специјални учесници од Венецијанската комисија, меѓународната институција која даде мислење пред неколку години, како и експерти од областа, меѓу кои пишувачи на текстот на уставот, професори по уставно право, претседатели на судови итн.
Потврдени учесници се Мартин Кујер, потпретседател на Венецијанската комисија, кој се очекува да го објасни пријателскиот совет побаран од Уставниот суд, а што Венецијанската комисија треба да го усвои 5 дена пред неговото пристигнување во Скопје; Артур Кучс, судија на Меѓународниот суд за човекови права, кој ќе зборува за правата на малцинствата, додека од домашните ќе има познати имиња како Маргарита Цаца-Николовска, Рената Дескоска, Борче Давитковски, Јетон Шасивари, Гордана Лажетиќ, Мерсел Билали, Денис Прешова, Мерсим Максути, Абдулмеџит Нуредин, Азам Корбајрам. Учеството го потврдија и претседателите на кривичните судови Иван Џолев, на Управниот Бурим Сејдини и на Апелацискиот суд во Битола Жаклина Доведен. Се очекува да учествуваат и подносителите на иницијативи покренати против Законот за употреба на јазиците, меѓу кои Тодор Петров, Томе Тодоровски и Тања Каракамишева.
Судот е свесен дека станува збор за чувствителен чекор во одлучувањето, а во случај на ескалација на ситуацијата е информирано и МВР. Според процедурата, по одржувањето на подготвителната седница, референтниот судија ќе ги собере сите вештачења и ќе напише извештај за случајот во рок од 6 месеци. Потоа, претседателот на Уставниот суд во рок од 1 месец е должен да закаже седница на која ќе се донесе конечната одлука дали ќе се отвори или не постапка за Законот за употреба на јазиците. Очекувањата на Дарко Костадиновски се одлуката да биде донесена во мај или јуни годинава.
И покрај тоа што 6-те спорни прашања во Законот за употреба на јазиците сè уште се непознати за јавноста, опсегот на оспорените членови од 13-те иницијативи на 46 субјекти го опфати речиси целиот закон. Само членот 1, став 1, не беше вклучен во иницијативите, додека сите 25 негови членови беа оспорени.
Во 2021 година, на друга подготвителна седница беше разгледан процедуралниот аспект на оспорените иницијативи во однос на донесувањето на Законот за јазиците, од одобрувањето со двотреинско мнозинство до објавување на указот на законот без потпис на тогашниот претседател Иванов. Сега, на следната седница закажана за 20 март, ќе се разгледува само суштинскиот аспект на законот, вклучително и усогласувањето со амандманот 5 и низа други последователни измени, примената на законот за матичната книга на родените, личните документи и пасошите, постоењето на Агенција за примена на јазикот, како и сомнежите за невклучување на албанската заедница, покрај другите заедници./Алсат.мк
Суад Бајрами