Државјанинот на Косово кој пред околу 10 дена се здоби со повреди на главата од дефект на ски лифтот на П.Шапка бара расветлување на случајот од страна на полицијата
Државјанинот на Косово кој пред околу 10 дена се здоби со повреди на главата од дефект на ски лифтот на П.Шапка бара расветлување на случајот од страна на полицијата

Авдил Алилај, државјанин на Косово пред неколку недели, додека се скијал на П.Шапка, се здобил со сериозни повреди на главата поради дефект на ски-лифтот. Алилај, по добиените повреди на главата, вели дека побарал помош, но изразува разочарување од третманот на тимовите за брза помош во П.Шапка.
„Во 11 часот имав несреќа при влегувањето во лифтот, бидејќи еден држач за лифт беше краток и ме удри по главата. Изгубив свест неколку минути и кога се разбудив, се обидов да го сопрам крварењето, но не можев. Двајцата работници кои работеа таму беа во шок и не знаеа како да помогнат да се пружи прва помош. По неколку минути пристигна помош, но беше повикан и лекар амкедонска, која ми пружи прва помош и ја спречи крвта да тече. Изгубив многу крв. Но, она што најмногу ме загрижува е доаѓањето на помош од ски-центарот кои ми ја врзаа главата и ми рекоа да одам во болница. Бев изненаден што ски-центарот не повика полиција на местото на настанот за да го пријави случајот. Исто и во Тетово, иако ги замоливме да повикаат полиција, тие не повикаа ниту полиција ниту во болница, иако таму не пречекаа добро, сепак, одбија да повикаат полиција бидејќи рекоа дека никој не ве удрил, туку сте имале несреќа во ски центарот“, рече Авдил Алилај, граѓанин на Косово.
Бидејќи имал премногу болка, Алилај не застанал во Тетово, туку заминал за Косово да се лекува, а два дена подоцна, се вратил и го пријавил случајот. За Алсат телевизија случајот го потврдија од тетовскиот Сектор за внатрешни работи, а велат дека се работи на негово целосно расчистување.
„На 06.03.2025 година во 11:40 часот во СВР Тетово, А.А. (60) пријавил дека ден претходно околу 11:00 часот, додека бил на ски-центарот во П.Шапка и додека го чекал скилифтот, кој требало да го однесе на ски-патеката „Аеродром“, бил удрен од скилифтот од невнимание и се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, велат од СВР, Тетово.
Но, директорот на П.Шапка ги отфрла обвинувањата на Алилај. Тој рече дека повредениот ја добил вистинската помош на време.
„Не е точно, лицето кое беше повредено доби прва помош и му беше дадена целата помош од нас. Сè беше во ред и имаме извештај од спасувачкиот тим. Како ски-центар, прво обезбедуваме медицинска прва помош со нашиот ангажиран тим, а во зависност од повредата, повикуваме брза помош или сами ги носиме во болница, но странката добила прва помош и одбил да се испрати во болница, продолжил самостојно“, рече Гани Алија, директор на „П.Шапка“ .
Но, и покрај негирањето на обвинувањата од страна на директорот, граѓанинот на Косово, Алилај, бара од полицијата да го разјасни случајот што е можно поскоро./Алсат.мк
Башким Сулејмани