Мицкоски: Ако е потребно сета морална одговорност нека биде на мене, но прво ќе го поразам овој систем

Најпрвин ќе сторам се за да поразам политичко криминалната полумента, а потоа судот на народот, на избори, може да одлучи дали некој треба да понесе морална одговорност, рече премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање на денешното обраќање до јавноста.
„Ако е потребно сета морална одговорност нека биде на мене, но прво ќе го поразам овој систем, односно сето ова шт денеска го започнуваме ќе вроди со плод, а потоа нема поголем суд, од судот на народот на избори којшто треба да каже дали и кој треба да понесе морална одговорност. А, јас ќе сторам се што е во моја моќ, како прв човек на владата, најпрвин, цела оваа криминална политичка полумента која што не уништуваше целиот овој период и нивните лакеји да ги поразам, па потоа може да разговараме за се друго“, рече Мицкоски.