МАКЕДОНИЈА
Скопски хотели нудат бесплатно сместување на семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Бесплатно сместување за семејствата на повредените и загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани понуди Здружението на хотелиери на Скопје.
„Доколку им се потребни повеќе информации, членовите на семејствата можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120“, соопштија од Здружението на хотелиери на Скопје.
Поддршка за семејствата на загинатите и повредените покажаа и други државни институции, а од Министерството за образование и наука велат дека и студентските домови во градот Скопје ќе бидат во служба на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.
На клиниките низ земјава се лекуваат 155 лица, додека семејствата на повредените се пред болниците и чекаат нови информации за нивните најблиски.