МАКЕДОНИЈА

Димовски негира дека припадници на анб користат значки на УБК


АНБ категорично ги негира информациите дека нејзините службеници користат значки на поранешна УБК и спротивно на нивните овластувања приведуваат и испрашуваат лица. Директорот Виктор Димовски рече дека сите вработени на Агенцијата ги вратиле значките. Доколку тоа не го сториле дел од поранешните вработени во УБК, кои останале во Министерството за внатрешни работи и не биле трансферирани во АНБ, Димовски рече дека МВР треба да одговори. Сомневањата дека вработени на АНБ, спротивно на законот, продолжуваат да ги користат полициските овластувања кои повеќе ги немаат, за приведување и испрашување лица, Алсат ги објави вчера. На првата годишнина од работата на оваа институција, Димовски ги изброи достигнувањата, но и процесите не се нереализирани.

Димовски, на неформална средба со новинарите, објасни дека објектот каде што ќе биде сместена Агенција е дефинирана, но одредени административни процедури останале недовршени, пред да заврши преселувањето. Оваа институција се уште работи во просториите на поранешна УБК, во рамките на Министерството за внатрешни работи, иако таа е веќе самостојна институција . По неколкунеделен молк за прашањата на Алсат, АНБ појаснува дека разгледала повеќе апликации за државјанство во споредба со поранешната УБК. Според Димовски, за период од 4 месеци се разгледувани 8700 барања за давање или одземање државјанство. Тој ги потврди информациите на Алсат дека уште околу 1800 други барања се уште не се разгледувани.

АНБ продолжува да вработува. Сега, според заменик- директорот Ариф Асани, бројот на Албанци ангажирани во оваа институција е 17,5%. Оваа бројка е се уште далеку од уставната норма од најмалку 25%. Асани рече дека во оваа Агенција за прв пат се формира секторот за преводи и употреба на јазиците и дека според него, за кратко време законот за употреба на јазиците ќе биде целосно почитуван. Како пример, ја земаат имплементацијата на албанскиот јазик на веб-страницата.

Премиерот е лицето пред кого Агенцијата дава отчет.

АНБ е формирана како резултат на реформите во безбедносните служби и ја замени Управата за безбедност и контраразузнавање.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button