ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Таравари: Повеќе од 50 пациенти до сега префрлени во болници надвор од државава, транспорт чекаат уште 24

Повеќе од 50 пациенти настрадани во пожарот во дискотеката во Кочани до сега се заминати на лекување во странство, соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари. Како што додаде тој, на денешната прес конференција, денеска на лекување надвор од нашата земја ќе заминат уште 24 пациенти.
„Денеска се очекува уште неколку пациенти да бидат упатени надвор од државава, 2 во Словенија, 4 Хрватска, 6 во Австрија и 12 во Србија“, рече Таравари.
Како што кажа Таравари, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти.