ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Таравари: На лекар да се јават сите коишто биле во дискотеката, дури и да немаат никакви симптоми

Повик до сите што биле присутни во дискотеката, а не се јавиле на лекар, тоа да го сторат колку што е можно поскоро, упати денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Како што кажа тој претпазливоста е потребна за да се спречи појава на евентуални компликации.
„Ги молиме, ако имаат, но и ако немаат симптоми, да се обратат барем кај матичните лекари“, апелираше министерот Таравари.