МАКЕДОНИЈА

Штипските средношколци со протест и марш низ улиците порачаа „Секој еден може да е следен“

Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се учениците од средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандандски“ во Штип кои настрадаа во несреќата во дискотеката во Кочани. Со нивните слики во рака, извикувајќи „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“, во Штип се одржа едночасовен протест и марш. Почнувајќи од Градскиот плоштад „Слобода“, марширајќи низ улиците и застанувајќи пред зградата на Општина Штип, каде што извикуваа „Секој еден може да е следен“, „Убиство“.

Advertisements

Александра Вуканова ученичка во СОУ „Јане Сандански“-Штип во говорот на Градскиот плоштад „Слобода“ пред своите сокласници и ученици од другите средни училишта во Штип порача: „денеска сме овде ќе ги сплотиме сите наши сили и ќе се бориме до крај, за сите наши другарчиња, за сите наши идоли, за сите наши колеги, родители ќе се бориме до крај. Ова нема да остане неказнето, сите мора да ја добијат својата казна“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button