Меѓународните медиуми ја пренесоа смртоносната трагедија во Кочани
Меѓународните медиуми ја пренесоа смртоносната трагедија во Кочани

„Трагедија “, „основа за сомневање за мито и корупција“, „клубот немаше важечка лиценца“, „илегален клуб“, „излез без брава“. Ова беа клучните реченици во изветувањата на CNN, BBC, The Sun, Sky News, Associated Press за смртоносната трагедија во Кочани.
Извештаите за трагедијата во меѓународните медиуми се совпаѓа со меѓународните извештаи на Стејт департментот на САД, Трансперанси агенцијата и Европската комисија. Посебно внимание за високата корупција се посветува во извештајот на Стејт Департментот на САД и Европската комисија, во кој се наведува дека Северна Македонија нема постигнато никаков напредок во спречувањето и борбата против корупцијата. Во меѓувреме, во извештајот на Агенцијата за транспарентност за 2024 година, Северна Македонија е рангирана на 88-мо место од 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата.
„Борбата против корупцијата во Северна Македонија е помеѓу нивото на подготовка и умереното ниво на подготовка и не постигнала напредок во спречувањето и борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање на сериозна загриженост. Актуелната Влада изјави дека борбата против корупцијата е приоритет. Институционалната рамка за борба против корупцијата е воспоставена и е задоволителна во однос на превентивните мерки. Сепак, потребно е подобрување во спроведувањето на законот“, се вели во Европската комисија, Извештај 30.10.2024.
Сепак, препораките на Комисијата од минатата година не беа целосно адресирани. Некои од препораките беа: да се подобри евиденцијата во случаите на корупција на високо ниво, да се подобри спроведувањето на националната стратегија за спречување на корупцијата, распределба на доволно човечки и финансиски ресурси за државната комисија за спречување на корупцијата.
Наслови фотографии/ известувања од меѓународни медиуми
https://www.thesun.co.uk/news/33876257/fire-dead-nightclub-north-macedonia/
https://www.thesun.co.uk/news/33886453/survivors-north-macedonia-nightclub-fire-accounts-arrests/
https://www.bbc.com/news/articles/c70wdedp20wo
Европска комисија
https://www.transparency.org/en/countries/north-macedonia
https://www.youtube.com/watch?v=5Db8ih7c61Y ./Алсат.мк
Џесика Салахи