ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство соопшти дека е зголемен бројот на хоспитализирани на клиниките во земјава

Министерството за здравство соопшти дека е зголемен бројот на хоспитализирани на клиниките во земјава

Министерството за здравство соопшти дека е зголемен бројот на хоспитализирани на клиниките во земјава. Во земјава се лекуваат вкупно 98 пациенти, од кои 52 се на клиниката „Мајка Тереза“, 17 пациенти на клиниката „8 Септември“, 12 пациенти во „Свети Наум Охридски“, 10 пациенти на Клиниката за токсикологија и 7 пациенти во Аџибадем Систина.
Во раните утрински часови се примени 20 нови пациенти, од кои тројца пожарникари.
Андон Чибишев, доктор по токсикологија, вели дека четворицата повредени на нивната клиника се уште се во тешка состојба. Додека за другите стравува дека може да имаат компликации во наредните денови поради сериозни повреди.

Advertisements

76-те пациенти кои се во странство се во стабилна состојба, но и натаму се во животна опасност. За двајцата пациенти кои се во Хрватска, властите дадоа детали за нивната здравствена состојба.
Тихана Магдиќ Турковиќ, шеф на Одделот за анестезиологија и интензивна нега, Загреб
„Едно 16-годишно лице има помали изгореници од приближно 10 проценти, нема респираторно оштетување и не бара интензивна нега. Второто лице, 23-годишно лице, има изгореници од 10-15 проценти и бара интензивна нега. И двајцата во моментов се во критична состојба додека дополнително не ги дијагностицираме и да видиме што е проблемот„, рече Андон Чибишев, токсиколог.

Синоќа во Ургентниот центар во Србија пристигнале уште осум тешко повредени лица во пожарот во Кочани. Сите тие имаат сериозни и опасни повреди по живот, изјави доктор Милан Стојичиќ.

„Површината на телото зафатено со повреди од изгореници е до 25 проценти. Сите имаат симптоми на труење и изгореници на респираторниот тракт и затоа се во животнозагрозувачка состојба“, рече Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична хирургија, Србија.

Во Србија се лекуваат 29 тешко повредени од Кочани. Тие се сместени во четири здравствени домови во Србија – во Ниш во Воената болница и Клиничкиот центар во Ниш, во Белград во Воено-медицинската академија и Ургентниот центар.

Во текот на денот уште четворица пациенти биле испратени во Литванија, 2 во Словенија, 2 во Австрија, 12 во Србија и 1 во Бугарија.

Во на ноќта и утре се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошно пренесување на пациентите./Алсат.мк

Линда Ебиби

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button