ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дискотеката „Пулс“ со години работела на црно

Обвинителството ги проверува информациите и ги бара сите  што биле одговорни и што дозволиле да работи дискотеката „Пулс“ или кои биле вклучени во организирањето на забавите. Дискотеката „Пулс“ официјално почнала со работа во 2012 година, а за забавата на младите се грижел тим предводен од сопственикот Дејан Јовановски, познат како Деки. Објектот службено е во сопственост на Гроздан Милковски, но тој го издал.

Advertisements

Објектот на дискотеката, иако е регистриран за лесна индустрија, функционирал како угостителски објект. По 9 години работа на црно, клубот во 2021 година аплицира до Министерството за економија и ја добива првата едногодишна лиценца за работа како кабаре, плаќајќи за тоа од 2.500 до 5.000 евра. Лиценцата е издадена на име на фирмата Класик ДМ, сопственост на Дејан Јовановски и Блажо Маринковски.

Во текот на 2022 година клубот работел без лиценца, додека во 2023 година извадил друга лиценца, но преку друга фирма, откако компанијата „Класик“ веќе била влезена во стечајна постапка поради долгови. Новата лиценца е заведена на име на фирмата 4М Кафе, која била на име на Митко Стојанов кој бил соработник на Јовановски во фирмата „Класик“ од првата лиценца. Компанијата 4M Кафе работела со блокирана сметка. Но, во декември дотичната фирма го менува сопственикот и раководењето со фирмата го презема Александар Карадакоски, шанкер во „Пулс“. Дејан Јовановски продолжува да биде неформален сопственик. Во текот на 2024 година, фирмата која управувала со „Пулс“, преку фалсификат и поткуп, како што се сомневаат надлежните, издала лажна потврда. Бројот на документот архивиран во Министерството за економија, според премиерот, води до документ наречен „комуникација со странски инвеститори“. Истражните органи работат на пронаоѓање на одговорното лице што им дозволило да добијат фалсификувана дозвола од Министерството за економија.

Обвинителството ги истражува и околностите кога Пулс добил две лиценци без да ги исполни минималните технички услови.

Но, како „Пулс“ успеа да ги обезбеди двете лиценци кога не ги исполни овие услови?

Според член 6 од Законот за угостителска дејност, точно се предвидени минималните технички услови што треба да ги исполни сопственикот на дискотеката за да добие лиценца за работа. Покрај нив, мора да има санитарни и здравствени услови, заштита при работа, заштита и унапредување на животната средина, заштита од пожари и услови за заштита од бучава.

По исполнувањето на условите и подготвеноста за отпочнување со работа, согласно Законот за угостителство, сопственикот е должен да се пријави во Пазарниот инспекторат и во општината.

Поднесувањето се врши со пополнување на овој формулар што го гледате во позадина. Формуларот дава информации за објектот, вклучувајќи влезови и излези, противпожарна заштита, вентилација и многу повеќе. Податоците ги дава самиот сопственик, додека законот не предвидува Инспекторатот или општината на терен да ги проверат податоците што ги напишал барателот. За точноста на изјавата, барателот едноставно потпишува дека сноси материјална и кривична одговорност за податоците.

За отварање на кабареа и ноќни клубови има и одредба покрај исполнувањето на минималните технички услови, треба да се даде одобрение и од МВР за заштита на редот и мирот и безбедноста на сообраќајот. Ова докажува дека сите институции биле свесни за функционирањето на клубот „Пулс“, но никој не проверувал дали тој работи според правилата и дали ги исполнува потребните услови.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button