ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На три локали ќе им бидат одземени лиценците за работа

Од 12 објекти со активни лиценци кои беа контролирани деновиве, 3 не ги исполнуваат минималните технички услови за работа и ќе им бидат одземени лиценците. Ќе им бидат изречени и максимални казни. Владиниот портпарол Марија Митева изјави дека во моментов се вршат контроли и во девет други лиценцирани дискотеки.

Advertisements

Таа додаде дека ќе бидат проверени и субјекти кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.

По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, надлежните вршат увид во сите угостителски објекти од ваков карактер во земјава. Мета се ноќните клубови, дискотеките и кабареата. Изминативе денови се извршени контроли на над 50 објекти, од кои голем дел не ги исполнуваат условите. Според списокот што го објави Министерството за економија, во целата држава моментално важечки лиценци поседуваат само 22 објекти.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button