ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во тишина, последно збогум за починатите во страотниот пожар

Фотографиите на младите поставени во центарот на Кочани, со црни ленти на нив сведочат за ужасот во дискотеката во која загинаа 59 лица, а речиси 200 беа повредени. Отворена е  и книга на жалост.  Граѓаните со болка, во тишина и солзи ги пишуваат последните зборови за младите кои трагично ги загубија животите утрото на 16 март.

Advertisements

Ден пред погребот на младите кои ги загубија животите во дискотеката „Пулс“, кочанчани велат дека со загубата на младите замрел и пулсот на градот.

Сведоците кои живеат на само неколку метри од местото на инцидентот, за Алсат, се сеќаваат на трагичното утро – се започнало во 2 часот и 30 минути по полноќ.

На социјалните мрежи продолжуваат да се споделуваат нови видеа од ноќта на кошмарот, на кои се гледа како толпата се обидува да избега од огнот кој брзо почнува да се шири.

По трагедијата, граѓаните протестираа демолирајќи го автомобилот и  кафулето на сопственикот на дискотеката. Протест имаше и пред домот на градоначалникот на општината, кој поднесе оставка.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button