ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Студентите оддаваат почит на загинатите

Молк на Универзитетот „Св .Кирил и Методиј“ во Скопје. Многу малку студенти влегуваа и излегуваа од факултетите за да ги исполнат своите обврски, најголе дел од планирани активности се одложени за време на деновите на жалост во земјата. Студентскиот парламент на овој универзитет најави дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено во чест на жртвите во Кочани, со цел да се избегне голема гужва или да се предизвикаат несакани настани.

Advertisements

„За да се избегне создавање на поголеми толпи во моменти кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на друго место, нема да се организираат големи собири во кампусите, како што беше првично планирано. Активности за изразување почит и сочувство може да се организираат на ниво на факултет, на иницијатива на студентските собранија на факултетот и Студентскиот парламент при УКИМ ќе се обезбеди логистичка помош “, стои во соопштението на Студентскиот парламент.

Од друга страна, МОН веќе испрати три документи до основните и средните училишта, кои содржат упатства за училиштата и наставниците, за родителите по трагедијата во Кочани. МОН препорачува да се избегнуваат генерализациите и да се зборува за настанот со внимание и разговор со учениците. Понатаму, се наведува дека наставата треба да продолжи и дека училиштата се безбедна средина за учениците. На наставниците, исто така, им се препорачува да одвојат време за да разговараат со учениците за несреќата ако е потребно. Исто така, од МОН советуваат родителите да го ограничат времето поминато со вестите и да внимаваат на информациите споделени на социјалните мрежи.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button