МАКЕДОНИЈА

Граѓните можат да се потпишат во книгите на жалост

Во многу институции во земјава со денови е отворена Книгата на жалост за да им се оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани. Вратите на Собранието се отворени до 19 часот. Книга на жалост беше отворена и во МНР каде сочувство изразија голем број амбасадори и претставници на меѓународни организации. Меѓу нив беа и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, амбасадорите на Шведска, Хрватска, Франција и други. Книгата на жалост е отворена и во амбасадите во Тирана, Атина, конзулатот во Солун, Србија и Косово, каде што амбасадорите изразија длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до сите граѓани, нудејќи поддршка и помош на земјата во овие тешки моменти.

Advertisements

Во меѓувреме, студентите отворија книга на жалост и на универзитетите во Скопје, Штип и Битола, каде почит може да се оддава секој ден од 9 до 18 часот. Во меѓувреме, во Кавадарци, но и во Горица, Хрватска, отворена е книга на жалост за фудбалерот Андреј Лазаров, кој го загуби животот во трагедијата во Кочани. Лазаров беше дел од хрватскиот клуб Горица, пред да го облече дресот на ФК Шкупи. Пријателите и роднините на пејачот Андреј Ѓорѓиески, од „ДНК“ од 20 март ќе  отворат книга на жалост во трговскиот центар „Лептокарија“ во Скопје, во делот наречен коцка каде како што пишуваат ги поминале најубавите години во смеа и дружење.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button