Фајзер наметна законски измени во Законот за лекови во земјава

Потребата за измени на Законот за лекови се појави по конкретно барање на компанијата „Фајзер“, која според глобалните политики за нивните вакцини против ковид, мора да бидат дадени во држави каде што имаат свои претставништва. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека фармацевтската компанија нема обврска да склучува договори со кој било локален претставник, туку да аплицира до надлежните институции во секоја држава, да го регистрираат својот производ во Агенцијата за лекови. Тој додаде дека за осумте илјади вакцини купени од Србија, но и за директните набавки, додека не се смени Законот, може да се користат одредба од сегашниот Закон за итен увоз на лекови без тие да се регистрираат.
Истата постапка ќе се следи и за другите производители на анти-ковид вакцина. Покрај вакцината на Фајзер и БиоНтек, која во моментов доби зелено светло за продажба од агенциите за лекови во САД и ЕУ, заедно со вакцините Модерна и таа од Оксфорд и АстраЗенека, овие три опции се поблиску до директно купување. Но, според Филипче, не е исклучена можноста и руските и кинеските вакцини да бидат увезени во земјава. Според него, приоритет се тие на „Фајзер“.
За 833 илјади вакцини што ги очекуваме преку системот Ковакс, Владата на почетокот на декември издвои близу 7,96 милиони евра. Набавката преку платформата Ковакс ќе чини 10 долари по единица, за што нашата држава плати аванс од 1,1 милион евра. Транспортот за нив не е вклучен. Според Светската здравствена организација, Фајзер и БиоНтек се согласиле својата вакцина против ковид 19 да се дистрибуира преку шемата Ковакс. Ова е платформа создадена во април од СЗО и во која учествуваат 180 земји, меѓу кои и сите членки на ЕУ.
Adna Qaili