ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Тошковски: Секој што е директно или индиректно поврзан со трагедијата во Кочани ќе биде повикан на одговорност

Полицијата во соработка со Обвинителството ќе го истражат секој детал поврзан со трагедијата во Кочани, а секој што директно или индиректно е поврзан со настанот ќе биде повикан на одговорност, рече на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Како што додаде тој, поделби на наши и ваши нема туку постојат само одговорни и неодговорни.
„Сакам да ја уверам јавноста дека секој еден детал поврзан со кривично правниот настан, должност е на Јавното обвинителство во соработка со МВР да го утврди и соодветно да го процесуира. Тоа и ќе го сториме…Но, мораме да почитуваме процес на правда и мораме темелно и постепено да ја работиме истрагата“, рече Тошковски.