ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид, 60 минутен молк за загинатите во дискотеката

Охрид, 60 минутен молк за загинатите во дискотеката

„Порака до институциите дека ова е последна шанса или ќе не биде или нема да не биде. Треба да се свесни дека младите или добиваат виза или добиваат посмртница. Друго не сме добиле.Или се бориме да заминeме или гинeме и гориме .Прочитав мниогу пораки на социјалните мрежи, зошто излегувате на протести, одете во црква запалете свеќа.Ако го направиме тоа никој од власта и надлежните нема да сфати и разбере дека ние сме против овој систем и дека сакаме овој систем да биде што побрзо сменет“, рече Марија Стојаноска- студентка.

Advertisements

Ова беше главната порака која беше упатена денес од Охрид, каде една недела од големата трагедија во Кочани, со цвеќиња во раце и во тишина, охриѓани со 60 минутен молк од 12 до 13 часот, на градскиот плоштад одадоа почит на 59-те жртви. Велат дека бараат правда од инситуциите за изгубените животи.

„Секоја солза е сведоштво за неправдата на системот, која ја поставува алчноста поред човечноста. Ја бараме правдата за изгубените животи. Неможам да размислувам на ништо друго. Тоа се деца наша генерација и секој еден може да е следен“, додаде Бојана Анѓелеска- студентка.

Велат дека сега сфатиле колку биле небезбедни местата каде што излегуваат.

„ Има некои што се безбедни што внимаваат, но повеќето не внимаат на нашата безбедност. Поважни им се парите. Ќе пуштаат повеќе луѓе отколку што собира, за да направат пари, а тоа не е безбедно. Сега наполнив 18 години, но ме имаат пуштано мене во клубови и на 15 и 16 години“, изјави Бојана Анѓелеска- студентка.

„Ние не сме биле свесни за тоа дали се ставаме во опасност или не, а сега со оваа трагична случка, сфаќаме дека многу пати, кога сме оделе во тие клубови или на концерти, дека сме се ставале во многу голема опасност и не сме биле свесни за тоа и тоа треба да се промени.И треба да го свртеме вниманието до сите жители за некоја промена“, рече Звездана Доцкиновиќ-студентка .

Беа присутни и родители, кои дојдоа со своите малолетни деца.

„Мојата порака до институциите е санкција за сите, кои не го почитуваат и заобиколуваат законот и еднаш за секогаш да престанеме, со имам човек секаде, имам пријателство, и таа ситуација не доведе до ова. Штом сме останале да живееме во оваа држава, се надеваме дека овие работи ќе се пребродат и живееме во надеж, дека еден ден ќе се средат сите околности и луѓето ќе живеат во систем кој е одржлив“, рече еден родител .

Сочувство до семејствата на починатите, граѓаните изразија и во книгата на жалост. Собирот го организираа младинските и ученички заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button