ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Србија; извршени трансплантации на кожа на повеќе пациенти

Србија; извршени трансплантации на кожа на повеќе пациенти

Здравствената состојба на повредените кои се лекуваат во Белград е стабилна, но 2 пациенти се уште се на механичка вентилација. Директорот на Клиниката за пластична хирургија, Милан Стојчиќ, во изјава за РТС рече дека кај повеќе пациенти е извршена трансплантацијата на кожа а хируршки интервенции очекуваат уште 6 пациенти .

Advertisements

„Имам добра вест, некои пациенти можеби ќе можат да бидат префрлени на одделение, бидејќи им се подобрува респираторната функција и изгорениците се такви што не бараат престој на интензивна нега. Станува збор за млади луѓе, најмладиот пациент има 17 години, само еден пациент има 35 години, додека другите се околу 20 години„, рече Милан Стојчиќ, директор на Клиниката за пластична хирургија.

Поради оштетување на дишните органи од вдишување чад, пациентите се под постојан надзор на анестезиолози и други специјалисти. Стојчиќ нагласува дека сите пациенти на механичка вентилација се во животна опасност, но и други пациенти може да бидат изложени на ризик во текот на лекувањето.

„Може да се појават компликации во сите можни органи, и поради оваа причина имаме специјализиран тим, вклучувајќи абдоминални хирурзи, нефролози и психијатри, кои секојдневно ги посетуваат пациентите„, додаде Милан Стојчиќ, директор на Клиниката за пластична хирургија.
Во Србија се испратени 30 повредени во кочанската трагедија. Во Ниш има еден пациент, на Воено-медицинската академија во Белград 12, а во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија 17 пациенти.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button