Регулативи: 80% од зградите не ги исполнуваат прописите
Регулативи: 80% од зградите не ги исполнуваат прописите

Регулативата за противпожарна заштита е толку ригорозна што деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, проценува дека доколку се спроведе, ќе мора да се затворат 80 проценти од зградите. Тој подвлече дека доколку се биде изградено согласно законите, прописите и стандардите во областа на градежништвото, особено во делот на противпожарната заштита, нема да има трагедии. Во интервју за Радио Слободна Европа, тој нагласува дека во Македонија не се гради според стандардите поради „злосторнички здруженија“ кои ја ставаат финансиската добивка пред квалитетот. За тоа кој е дел од овие „злосторнички здруженија“, Марковски вели:
Марковски вели дека стандардите кои Европа ги имплементира од 2010 година, а се официјални во земјите на ЕУ, додека се прифатени и од земјите кои не се членки, кај нас никако да се прифатат.
Марковски вели дека улогата на градежните инспектори е преку реални и навремени контроли да спречат вакви несреќи. Тој рече дека во земјава има мал број градежни инспектори, притоа подвлекувајќи дека во големи средини како Скопје се бројат на прсти.