ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, температурата до 22 степени

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од пет до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 13 до 22 степени.

Advertisements

Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно времено, со услови за повремен дожд и умерен ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд ќе продолжи во текот неделава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button