ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ги поддржувам оние што својот гнев го изразуваат преку протест, но не и политичките глодачи за кои ова е шанса за поени, вели Мицкоски

Апсолутно се придружувам на изразувањето на револт и гнев, но не ги оправдувам политичките глодачи за кои протестите се шанса да добијат политички поени. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски при неговата посета во Радовиш одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за најавените протести по пожарот во дискотеката во Кочани, каде што загинаа 59 лица.

Advertisements

„Протестите се демократската алатка на изразување на незадоволство. И јас сум нервозен. Верувам дека и вие сте незадоволни. Сите ние сме незадоволни од сето тоа што се случува. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Многу работи изминатите девет месеци откако е избрана оваа влада се решија. За многу работи оваа влада беше браник, да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија. И токму тоа, за тие политички глодачи е проблем, кои сакаат преку овие протести да добијат политички поен, па гледаат шанса“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button