ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 Целзиусови степени.

Advertisements

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.

УХМР соопшти дека до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 километри на час). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 литри на квадратен метар).

И во Скопје до крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, прогнозира УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button