ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЈОРСМ: Претреси и други дејствија во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

Истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи вчера и денеска координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

Advertisements

Како што информира државното Јавно обвинителство, извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење.

-Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица, соопшти ЈОРСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button