ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поделба на ВЛЕН? – Средбата заврши без епилог, одлука за насоката на политичката кариера на Таравари би можело да се донесе на 6 април

Арбен Таравари, кој пред неколку дена ги демантираше сите можности дека ќе поднесе оставка од функцијата министер за здравство, гарантирајќи дека атмосферата во ВЛЕН е подобра од кога било, ги даде првите сигнали дека по 6 април може да даде поинаква насока на својата политичка определба, имено да ја врати старата ориентација, дознава Алсат.

Advertisements

Така барем неофицијално се дознава од средбата што синоќа ја имале лидерите на ВЛЕН, на која Таравари побарал разбирање од останатите лидери до 6 април, кога ќе го одржи партиското Собрание на кое ќе одлучи што понатаму?!

Во неофицијални околности се дознава дека Таравари бара најмалку 40 отсто од кандидатите за општини. Тој го заснова ова верување на доктрината на Луј XIV „државата сум јас“ или „ВЛЕН сум јас“.

Таравари го услови ова барање со образложението дека претходно побарал ВЛЕН да настапи на локалните избори одделно, дури и ги обвини актуелните лидери дека се во заедничка битка, а тој е изолиран.

Претседателот, кој моментално нема партија и печат, синоќа на социјалните мрежи објави текст во кој повикува на единство за, како што вели, доброто на народот.

„Фокусот повеќе не треба да биде „победи мојата партија или вашата партија“, туку победи нашиот народ! напиша Таравари. Запрашан денеска за овој став, Таравари ја смени конотацијата, имено народот го замени со државата.

„Тежок период низ кој минува државата. 4 последователни трагедии кои се случија во Македонија во последните 5 години. Ласкарци, Беса Транс, Модуларната болница и сега Кочани. Мислам дека треба да се деполитизираат истражните органи. Во овие случаи партиите не се гледаат, тие воопшто не се важни.

Во кулоарите на групите на Таравари се брани идејата дека барањето за разделување на Таравари од ВЛЕН доаѓа од Тирана, за разлика од барањето за обединување кое дојде од Приштина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button