ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани

Црвениот крст почна со исплатата на средства во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.

Advertisements

– Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари, информираат од Црвениот крст.

За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.

Од Црвениот крст додаваат дека заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758,00 денари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button