СВЕТ

Европските држави со нови препораки за граѓаните кои патуваат во САД

Франција, како и неколку други европски земји, со препораки до француските граѓани кои патуваат во САД. Одлуката уследи по указот на американскиот претседател Доналд Трамп од 20 јануари дека во САД се признаваат само два пола – машки и женски, дефинирани при раѓање.

Advertisements

Германија, Данска, Финска, Холандија и Велика Британија минатата недела издадоа слични препораки до своите граѓани. Тие ги потсетуваат своите граѓани кои патуваат во САД строго да ги следат правилата за влез во таа земја за да избегнат да бидат вратени назад, па дури и да бидат уапсени.

Во препораката на Франција експлицитно не се спомнуваат француските трансродови лица, кои би можеле да бидат вратени назад на границата доколку во нивните пасоши е назначен полот „Х“ или ако го смениле полот.

– На патниците им се препорачува редовно да ја проверуваат веб-страницата на Амбасадата на САД во Франција и да контактираат со авиокомпанијата со која патуваат за да проверат дали има какви било промени и новоусвоени мерки“, се вели во препораката издадена од француското Министерство за надворешни работи.

Минатата недела Министерство за надворешни работи на Финска објави дека ако полот на пасошот на барателите за виза или електронско овластување за патување не се совпаѓа со нивниот пол при раѓањето, нивното овластување за патување или виза може да биде одбиено.

Додека Данска им препорача на граѓаните дека ако во пасошот имаат ознака „Х“ за полот или пак го смениле полот да ја контактираат амбасадата на САД пред да патувате за да ги потврдите важечките правила.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button