
Министерот за транспорт Александар Николовски најавува одземање на лиценци на 479 компании од областа на урбанизмот и градежништвото. Тој рече дека сите наоди ќе бидат проследени до други органи кои треба дополнително да ја испитаат работата на овие компании. Николовски најави законски измени за редовни контроли.
Најголемите прекршоци, според Николовски, се во однос на потребниот број вработени, а во меѓувреме ќе се утврдува квалитетот на градбата и навременото завршување.
Истражните органи треба да проверат која од овие фирми изградила станбени згради и каков квалитет се градбите.
Николовски вели дека компаниите ги исполнуваат условите само кога ќе ја добијат лиценцата, а подоцна веќе не ги почитуваат.