ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремен дожд

Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 11 степени додека максималните ќе се искачат од 9 до 19 степени.

Advertisements

Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и слаб до умерен ветер од југоисток. Температурите ќе се движат од минимални 10 до максимални 16 Целзиусови степени.

До крајот на месецов, како што соопшти УХМР, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд како последица на циклонска активност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button