СВЕТ
Песков: Русија и САД го продолжуваат дијалогот, Москва не го напаѓа енергетскиот систем на Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија е задоволна од конструктивниот и ефективен дијалог со САД и дека контактите со американската страна се „многу интензивни и продуктивни“.
Песков потврди дека е на сила наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за мораториум на нападите врз украинскиот енергетски систем, пренесе РИА Новости.
По постигнувањето договор со американскиот претседател Доналд Трамп на 18 март, конфликтните страни да се воздржат од напад на енергетски објекти, Путин и дал „соодветна наредба на руската војска“.