ЕКОНОМИЈА

МФ: Потврден кредитниот рејтинг ББ+

Водиме кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс,  подобрите показатели за управување во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед, информираат од Министерството за финансии.

Advertisements

Агенцијата, како што велат, нотира дека  во 2024 година реалниот раст на БДП достигна 2,8 проценти и покрај надворешните потешкотии и дека е над проекциите заради силната јавна потрошувачка и инвестициите.   Фич очекува растот  на економијата во 2026 година да достигне  4 проценти како резултат на реализација на инвестициите на коридорот 8 и 10д.

-Посочуваат во извештајот дека инвестициите остануваат силни, но дека слабиот раст на продуктивноста и неповолните демографски движења претставуваат ограничувачки фактори на растот на среден рок. Нотираат дека се забележани силни приливи на странски директни инвестиции. Странските нето директни инвестиции, како што наведуваат, се највисоки во последните 17 години и се искачија на 7,1 процент од БДП во 2024 година како резултат на високи  инвестиции во слободните економски зони. Невработеноста според „Фич“, останува структурно висока поради недостаток на вештини и нерамномерен регионален економски развој. Растот на платите е силен и во периодот 2022-2024 година изнесува во просек 13 отсто годишно и  немаше негативен ефект врз конкурентноста, велат од Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button