ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата ја прекинува постапката за разрешување на државниот јавен обвинител

Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Владата ќе ја прекине и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, односно истото нема да го прати до Собрание, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

Advertisements

Прашана дали Владата ќе испрати допис до Совеотот на ЈО дека се прекинува постапката за разрешување или ќе почека да се произнесе, Митева, рече дека Советот на ЈО ќе постапува согласно роковите.

– Она на што се однесуваше дека како Влада ќе ја прекине постапката се однесува на делот што Владата потоа по добиеното мислење треба да го испрати таквото мислење до Собранието. Да појаснам дека Владата и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати до Собрание, а се разбира Советот на ЈО согласно роковите кои што ги има ќе постапува, изјави Митева, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Владата.

Предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата Јавен обвинител на РСМ поднесен од Владата, Советот на ЈО денеска требаше да го разгледа на Седница, но таа беше одложена поради немање на кворум.

Роковите за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски се уште течат и Советот ќе треба да го разгледа предлогот најдоцна следната недела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button