ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“

Истрагата за пожарот во Кочани продолжува – полицијата влезе во домот на Дејан Јовановски Деко, а претреси се извршени и во други угостителски објекти во негова сопственост. Неофицијално, на распит вчера биле повикани и неговата сопруга и ќерка, но истражните органи не ја потврдуваат информацијата. Претрес е извршен и во Државниот пазарен инспекторат во Кочани.

Advertisements

„Извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација“, велат од МВР.

Од канцеларијата на пазарниот инспекторат во Кочани, полицијата одземала компјутер, лаптоп и таблет, како и документација поврзана со правни субјекти поврзани со Јовановски. Во досегашниот тек од истрагата за пожарот во кој загинаа 59 лица опфатени се вкупно 34 физички и три правни лица. Обвинителскиот тим кој работи на овој случај се прошири на 11 истражители, кои пак се очекува да извршат распит со повеќе од 300 сведоци, а вчера и премиерот Христијан Мицкоски рече дека очекува проширување на истрагата и истакна дека од секој еден кој има каква било поврзаност со овој случај ќе се бара одговорност.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button