Најавени построги услови за обезбедување на лиценци за ноќните клубови

Со измените на Законот за хотелска дејност се очекува да се вклучат повеќе институции и стручни лица во одредени области, кои ќе одлучат дали за одреден објект ќе се отпочне постапка за доделување лиценца за функционирање како кабаре, ноќен клуб или дискотека. Заменик министерот за економија Марјан Ристески рече дека сите лица кои ќе бидат дел од Комисијата ќе одговараат за ставениот потпис, како гаранција дека се сиполнуваат условите во објектот.
Во меѓувреме, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, рече дека теренските проверки продолжуваат, а каде ќе се утврдат неправилности, се дава рок за подобрување на условите.
Контролите во училиштата, градинките, установите каде се собираат главно млади се засилија по трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица. Досегашните проверки покажаа дека многу објекти не ги исполнуваат основните услови, немаат противпожарни апарати, немаат хидранти.
Мелихате Рустеми