СВЕТ

Национална катастрофа! Горат храмови стари 1.000 години, беснеат најголемите пожари во историјата

Пожарот ги зафати јужните региони на земјата, уништувајќи повеќе од 200 згради и принудувајќи евакуација на 27.000 луѓе, соопштија властите.

Advertisements

Меѓу загинатите е и еден пилот кој загина откако неговиот хеликоптер се урнал за време на напорите да се локализираат пожарите во југоисточниот град Уисеонг, една од најтешко погодените области.

Националната агенција за пожари соопшти дека најмалку 30 луѓе се повредени.

Меѓу уништените објекти има илјада години стари будистички храмови, куќи, фабрики и возила, додека пожарите изгореа 43.330 хектари земја.

Во телевизиско обраќање, вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Хан Дук-су, рече дека „пожарите, кои започнаа минатиот петок, предизвикуваат поголема штета од многу претходни пожари“.

„Штетите се натрупуваат. Постои загриженост дека ќе имаме штети од пожари какви што досега не сме доживеале, така што наш приоритет е пожарите да се изгаснат до крајот на неделата“, рече Хан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button