ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ бара посебна парламентарна комисија да го оцени начинот на кој се води истрагата за трагедијата во Кочани

Опозициската Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека пратениците од коалицијата „Европски фронт“ денеска ќе поднесе официјално барање за формирање посебна парламентарна комисија која ќе го истражи, како што велат, селективниот и едностран пристап на правосудниот систем во истрагата за трагедијата во Кочани.

Изминатите денови од ДУИ во повеќе наврати реагираа дека истрагата за пожарот во т.н. кабаре во Кочани се води селективно и дека надлежните органи што ја спроведуваат се под контрола на Владата.

Advertisements

Опозициската партија бара во комисијата да бидат вклучени и претставници на амбасадите на меѓународните партнери на земјава во својство на набљудувачи.

„Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД, ЕУ и земјите членки на Европската Унија во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес“, се вели во соопштението од ДУИ.

Ставот на партијата е дека селективната правда во конкретниот случај создала ситуација без преседан, која, како што наведуваат, ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите.

„Неодговорноста или политизацијата на правдата за теснопартиски цели не ги загрозува само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата. Парламентарната група на ‘Европскиот фронт’ денеска ќе поднесе официјална иницијатива за ова прашање“, велат од ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button