СВЕТ

Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа ѝ треба долгорочен план

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која исто така е на самитот за коалиција на волните во Париз, изјави дека ЕУ работи на зајакнување на безбедноста на Украина, но и на Европа во целина.

Advertisements

„Зајакнување на Украина да може да се одбрани – тоа е почетната точка. Но, ни треба и заеднички долгорочен план“, рече таа.

Володимир Зеленски, Емануел Макрон и Кир Стармер утрово одржаа кратка средба во Елисејската палата пред пошироката рунда разговори, што ќе следува подоцна во текот на денот. Макрон и Стармер се домаќини на состанокот на таканаречената коалиција на волните, на кој ќе присуствуваат делегации и лидери од вкупно 31 земја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button