Здравствената состојба на 4 пациенти повредени во пожарот и натаму критична

Осуммина други пациенти кои поради повредите здобиени во пожарот во Кочани беа на лекување во странство денеска ќе се вратат во земјава. Со ова, вкупниот број на пациенти кои се лекуваат во странство останува 99. Исто така, на домашно лекување се пуштени девет пациенти кои се лекувале во земјава. Критичната здравствена состојба и понатаму останува за уште четворица пациенти кои се во странство.
„Во странство се опоравуваат вкупно 108 пациенти, од кои за 8 се најави да ќе се вратат, двајца од Белгија, двајца од Австрија, двајца од Хрватска и двајца од Турција, а еден пациент што закрепнува во Шведска веќе е на домашно лекување, но ќе остане таму уште неколку дена додека да се врати. Практично утре ќе останеме со 99 пациенти. Остануваат четворица пациенти кои се малку покритични, но за разлика од вчера, денес се во нешто подобра состојба, но сепак во тешка состојба“, рече министерот Таравари.
Директорот на токсикологија Андон Чибишев изјави дека по извршените потребни тестови четворицата пациенти кои вчера се вратиле од Шпанија се пуштени на домашно лекување.
Тимот на пластични хирурзи вчера бил во кочанската болница, каде наишле на недостиг на кадар и материјали потребни за лекување. Во меѓувреме, директорот за пластична хирургија вели дека инфекциите може да се појават во која било фаза од заздравувањето.
Во меѓувреме на клиниките низ државата се лекуваат 24 пациенти. Седум пациенти се во Клиничкиот центар, шест пациенти се во старата градска болница, осум пациенти се во болницата „8 Септеври“, додека тројца пациенти се лекуваат на приватни клиники.
Линда Ебиби