ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат инспекциите во училишта, градинки и други установи во земјава

Училиштата во општина Чаир се безбедни од пожари, опремени се со до 90 отсто противпожарни апарати. Ова во интервју за Алсат го изјави претседателот на Здружението на доброволни пожарникари „Бајрам Мифтари“ од Чаир, Артан Демири.

Advertisements

„Десет училишта се во општина Чаир, веќе 3 дена извршивме увид во две градинки, заедно со Секторот за образование во општина Чаир, излеговме на увид, има задоволителни резултати некаде до 90 проценти од училиштата се соодветно опремени и можат да го надминат ризикот. Тоа е главната поента за тоа, едно училиште не може да биде 100 отсто во ред, бидејќи во меѓувреме може да се расипе некоја опрема“, рече Демири.

Демири зборуваше и за недостигот на итни скали во зградите низ државата.

„Итни скали треба да има, но зависи од висината на зградата, до 13 метри, над 13 метри треба да има итни скали, сега не можам да кажам колку се придржуваме до тоа“, вели Демири.

Демири рече дека еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат пожарникарите при извршувањето на работните задачи е пристапот до местото каде што треба да го изгаснат пожарот и според него ова е повеќегодишна аномалија.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button