Претставници на работниците ќе одлучуваат за понатамошните чекори по усогласувањето на минималецот

Претставниците на работниците утре на состанок ќе донесат одлука за тоа како ќе постапуваат во иднина, бидејќи без нивно присуство владата донела одлука за усогласување на минималната плата, и се немало слух за нивните барања, оттаму велат дека не се исклучува можноста за протести.
Љупчо Радовски од ССМ, за Алсат вели дека апсурдно е да не бидат поканети организацијата на работодавачи и синдикатот за нешто што се одлучва за работниците.
„Ние понатака ќе видиме на кои начин и како ќе реагираме за сето ова и најверојатно ќе донесеме одредени насоки и правила, со кои што ќе постапуваме во иднина, така да мислам дека имаме утре состанок на претседателството и ќе донесеме одредени забелешки и мерки за понатака на кои начин и што ќе делуваме за да ги оствариме правата на работниците за нивниот поголем стандард, бидејќи ова е само усогласување на платите“, вели Радовски.
Од СДСМ ја обвинија Владата дека одлуката за усогласувањето на минимална плата е срамна, тие велат: папаја за Владата, трошки за народот. Тие посочија дека граѓаните секојдневно се борат да преживеат, со високи цени, високи сметки, а со мизерни плати.
„Срамна, понижувачка и крајно неодговорна е одлуката на Владата за некакво бедно покачување на минималната плата од само 1.800 денари. Што да прават работниците со 1.800 денари во услови кога истата оваа Влада дозволи екстремно зголемување на цените на храната и на производите. Владата на ДПМНЕ очигледно нема допир со реалноста и покажува тотална негрижа за најважното, стандардот на граѓаните“, рече Кристина Костова – потпретседателка на СДСМ.
Вчера претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски рече дека за прв пат од 2012 година од кога е воведена минималната плата Владата донела одлука за усогласување на минималната плата, без претставници на работниците и работодавачите, односно без економско социјален совет. Додека заменик министерот за економија Марјан Ристески рече дека владината одлука е легитимна.
Ангел Димовски