Времето денеска: Променливо облачно со повремен дожд

Променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд прогнозираат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Невреме со врнежи од пообилен пороен дожд и со појава на грмежи и засилен ветер се очекува да биде поинтензивно во источните делови од земјата.
Температурата наутро ќе биде од 3 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 9 до 19 степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 10 Целзиусови степени наутро до 18 степени во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.