КОШАРКАСПОРТ

Лејкерси срушени со тројка од половина терен, рекорд на Индијана!

Чикаго Булс извојува голема победа над Лос Анџелес Лејкерс со 119-117, благодарение на тројката на Џош Гиди од половина терен во последните моменти од натпреварот.

Advertisements

„Биковите“ заостанаа пет поени (100-105) на 12,6 секунди до крајот. Тројки погодија Патрик Вилијамс и Коби Вајт за водство од 106-105, а на другата страна Остин Ривс погоди за ново водство на Лејкерси на три секунди до крајот. Во последниот напад, Гиди шутираше тројка од половина терен и погоди за четврта последователна победа на Булси.

Гиди го заврши натпреварот со „трипл-дабл“ од 25 поени, 14 скока и 11 асистенции, а Коби Вајт постигна 26 поени и девет асистенции. Кај „езерџиите“ Дончиќ имаше 25 поени со десет скока, а Леброн запиша 17 поени со 12 скока.

Кошаркарите на Индијана Пејсерс го совладаа Вашингтон Визардс со 162-109 и поставија рекорд на франшиза во најмногу постигнати поени во еден натпревар. Девет играчи на Индијана постигнаа двоцифрен број на поени, предводени од Тајрис Халибартон со 29, Мајлс Тарнер со 17 и Џерес Вокер со 16 поени.

Претходниот рекорд на франшизата беше 157 поени. Вашингтон прими најмногу поени во историјата на франшизата, а најефикасен во тимот беше Алекс Сар со 22 поени и седум скока.

На останатите натпревари: Хјустон со 33 поени и 10 скока од Алперен Шенгун ја совлада Јута со 121-110, а Сакраменто беше поуспешен против Портланд со 128-107 и ја прекина серијата од четири порази.

Далас го совлада Орландо со 101-92, додека Мајами со 36 поени на Тајлер Хиро ја совлада Атланта и ја забележа третата последователна победа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button